Комбинацијата од лек против маларија и Сумамед ќе се разгледува како третман за коронавирус и во Македонија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На вчерашната прес конференција, Министерот Филипче на прашање на Канал 5, одговори дека на денешната комисија за заразни болести ќе се дискутира на темата дали комбинацијата од лек против маларија и Сумамед.

Претходно, низ многу светски медиуми како бомба беше пренесена  вестакоја се однесуваше на студијата и праксата на француските медицински лица за третман на болните од корона вирусот со комбинација на лекови за маларија и хрватскиот азитромицин познат како Сумамед.

Филипче потенцираше дека денес ќе се разгледаат странските студии за овој третман, особено според протоклот кој е земен од некои земји каде веќе се дава оваа терапија на Сумамед и лек против маларија.

Азитромицин, инаку антибиотик наменет за инфекции на дишните патишта и меките ткива, откриен е во Загреб во тогашниот истражувачки центар во тогаш уште хравaтската фармацевстка фабрика „Плива“ во 1980 година.

Дури и Доналд Трамп овие денови побарал оваа комбинација од лекови веднаш да се стави на располагање за пациентите.