Комбиња од Минстерство за земјоделие ќе се пренаменат за итна помош


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека службите за итна медицинска помош до крајот на месецот ќе добијат 12 нови амбулантни возила, кои ресорното министерство ги набавило лани.

Осум возила кои неколку години ги има Министерството за земјоделство, но досега не биле користени, ќе бидат дадени на Министерството за здравство. Тие ќе ги пренаменат и ќе ги користат како возила за Брза помош.

„Тие може да се пренаменат и да бидат амбулантни возила, односно треба да се доопремат. Министерството за земјоделство не ги користи овие возила и со одлука на Влада ќе ги преземеме ние. Овие возила иако се стари неколку години, практично не се користени и соодветни се да се користат како солидни амбулантни возила. Со тоа значајно ќе го надополниме целокупниот систем на Итна помош во државата. Тие биле предвидени за нешто друго и ние ќе ги добиеме за пренамена“, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

На денешната прес конференција министерот посочи дека чека да завршат претседателските избори за да биде распишан тендерот за набавка на реагенси, кој беше најавен уште пред три месеци. Лабораториите моментално имаат доволно реагенси.