Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сообраќајна несреќа во која 7 лица се повредени, се случи денес околу 13 часот кај наплатната рампа Глумово на автопатот Тетово за Скопје.
Првичните информации од полицијата велат дека возило „Пежо Боксер“ со скопски регистарски табличи удрило во комбе со албански ознаки и во кабина за наплата на патарината.
Во несреќата повредени се 7 лица меѓу кои и едно дете кои се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.
Дел од медиумите пишуваат дека меѓу повредените е вработен на патарината, како и 3месечно бебе, но засега нема официјална потврда за овие информации.
ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам