Комбе прегази пешаци во Торонто – деветмина загинати


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Деветмина загинати и шеснаесет повредени луѓе е билансот од несреќата во канадскиот град Торонто во која комби се заби во пешаци, потврди полицијата. Возачот на комбито беше уапсен веднаш по нападот.

Канадскиот министер за јавна безбедност Ралф Годал не даде одговор за можните мотиви за нападот.

„Истрагата во моментов е во фаза во која немаме прецизни информации. Полицијата спроведува темелна истрага за да се утврди како и зошто сѐ се случи“, изјави Годал на прес-конференција.

Портпаролката на компанијата Рајдер систем, Клаудија Панфил, потврди дека напаѓаќот возел изнајмено комби на нивната фирма, како и дека соработуваат со властите во истрагата.

На социјалните мрежи се појави снимка од возачот, пред да биде уапсен, како држи пиштол вперен во полицајци. Еден сведок за Си-ен-ен изјави дека возачот намерно ги целел пешаците.

„Намерно го направи тоа, сакаше сите да ги убие, луѓето паѓаа еден по еден“, кажа тој.

Тој додаде и дека имало доста постари лица на улицата, но дека во еден момент видел бебешка количка како лета во воздух.