Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Украинските лидери мора да најдат начин да му помогнат на баталјонот кој ја брани челичарницата Азовстал во Мариупол кој е опкружен од руските сили, порача командантот на баталјонот Азов, Свјатослав Паламар во видеопорака.
„Го повикувам воено-политичкото раководство да преземе решителни чекори за разбивање на блокадата или евакуација на сите оние кои се надеваат и веруваат во својата татковина“, кажа командантот Свјатослав Паламар во видеопорака.
Додаде дека борците сè повеќе се прашуваат зошто Киев не се држел до дадените ветувања. „Кој може да одговори на тоа: Зошто сме сами против артилерија, бродови и авиони?“
„Кој ѝ даде на Москва време да ги прикрие злосторствата во Мариупол. Злосторства толку страшни што не можете да ги замислите“, кажа Паламар. Додаде дека одбраната сè уште се држи.
Во говорот кажа дека слушнал многу празни ветувања. Кажа дека никого не критикуваат, дека им е јасно дека агресорот користи многу средства и војска во Мариупол. Но, праша до кога ќе биде така.
Киев тврди дека покрај војниците во бункерите на челичарницата има околу 1.000 цивили.
Рускиот претседател Владимир Путин нареди целосна блокада на челичарницата. Москва го обвини баталјонот Азов, составен од ултранационалисти, за воени злосторства.
Русија ја има контролата над пристанишниот град Мариупол на југоистокот на Украина, освен челичарницата Азовстал.