Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мухамед Красниќи познат под прекарот Командант Малишева на својот Фејсбук профил објави статус каде вели дека неговиот Фејсбук статус во изминатите денови бил хакиран, но и упати пораки до Мицкоски со контроверзна содржина.
-Драги пријатели, мојот Фејсбук е хакиран и ми избришале некои статуси, особено последниот. Денес на вестите на Алсат-М дознавме дека Христијан Мицкоски не нарекува кукавици и во служба на Зоран Заев. Сакам да му кажам на Мицкоски дека кукавици се тие, од Груевски па надолу, бидејќи бегаат од одговорноста, кукавици и криминалци сте вие раководството на ВМРО, вие сте и крадци кои ја доведовте државата во оваа ситуација, вие заслужувате затвор не ние. Ние бевме тие кои со нашите пушки ве симнавме од власт вас и вашите руски поддржувачи, а вие се обидовте со сила и терор да ја задржите власта, правејќи досега невиден терор. Е сега вие сте терорист кој ја тероризира демократијата и се спротиставува на гласот на граѓанинот или ние кои го паднавме вашиот режим на чело со најголемиот криминалец и терорист Никола Груевски, дали ние сме тие кои го бранат нашиот народ од вас или вие лие сте криминалци кои го ограбуваат својот народ. Ние сме херои а вие сте кукавица. Ние не сме во служба ниту на Заев ниту на Ахмети, ние му служиме на правдата. А оние твоите колеги ги заслужија тупаниците затоа што навредија на етничка основа. Ние имаме проблем само со вас од раководството на ВМРО и со вашите соработници. Ние немаме проблем ниту со вашиот народ ниту со другите, стои во неговиот Фејсбук статус.
Инаку тој е познат како еден од водечките лидери за настаните од Диво Насеље, при што беа убиени осум полицајци, а 38 беа повредени. Во дводневната престрелка беа убиени и 10 припадници на групата за која се смета дека ја предводел токму тој.