Командант Хоџа од црна листа до советник на Заев


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Џезаир Шаќири (Командант Хоџа), кому премиерот Зоран Заев му ветил вработување во Владата, е на американската црна листа, заедно со уште некои негови колеги од воениот конфликт во 2оо1. година, поранешни команданти на ОНА, пишува Нетпрес.

Во текстот на порталот се наведува дека лицата од Македонија на црната листа се поради тоа што биле „вклучени, поддржуваат или финансираат екстремно насилство во Република Македонија, како и на други места во регионот на Западниот Балкан“, според образложението на Белата куќа, која ја објавува оваа листа.


На 24 јули 2001 година Шаќири бил ставен на македонската црна листа на граѓани, а на 27 јули е ставен и на листата на американскиот претседател Џорџ Буш.

Шаќири беше 10 години во бегство (2007-2017). Тој се врати во Скопје по смената на власта, а тврдеше дека бил неправедно гонет „од предходниот режим а сега очекува од новата власт и премиерот Заев да има еднаков третман како и сите други граѓани“.

Командант Хоџа е учесник во воениот конфликт од 2001 година, ги раководеше припадниците на УЧК во Арачиново.

Претходно, владата објави дека советник за странски инвестиции ќе биде Љубе Бошковски.