Колумна: Да се објаснат некои работи за хоророт во Франција!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Проблемот со политичката географија, геополитиката, но и географијата како мајка на сите науки кои комбинираат простор и време е општата илузија дека сите ја познаваат истата бидејќи науката како таква опфаќа широк спектар на теми, од кој голем дел се општо препознатливи. Нема да речам познати, туку препознатливи.

Затоа, доколку сте географ, може доста често да се соочувате со ситуации каде што секој ја знае географската проблематика подобро од вас. Бидејќи истата ја слушнал некаде, и ја продискутирал во локална слаткарница.

Доста често таков проблем се јавува и кога се дискутира и со географи. Кои ја обожуваат демагошката страна на нашата наука, и пловат по морето на дескриптивноста. Најчесто таквите мене ме прашуваат за партии и избори, само заради тоа што сум бил насочен во сферата на политичката географија.

15.11paris4
Денес сме сведоци на светска поделеност околу трагедијата во Франција. Терористичкиот акт кој зад себе остави стотина мртви, уште повеќе повредени и милиони з(а)грозени, некои го осудија и се солидаризираа. Некои, го релативизираа и компарираа со останати немили настани ширум светот.

Во такви ситуации, убаво е човек да нацрта како стојат работите. Ако не знае да црта, како мене, убаво е да објасни ко за осмолетка. Полека, и општо. Основни работи и постулати.

1. Што е држава?
Политичко-правна организација составена од (општо земено) три поставки. Население, територија, власт.
2. Што е конфликт?
Општествено-политичка разединетост кога станува збор за општествени прашања кое најчесто резултира со употреба на сила.
3. Што е војна?
Состојба на воен конфликт помеѓу две или повеќе држави, или две или повеќе групации и организации во рамките на една (или повеќе) држави.
4. Што е тероризам?
Најосновно: тероризирање на недолжно цивилно население.
5. Што е мир?
Состојба помеѓу две војни.

15.11paris3
Бидејќи е-светот денес е преплавен од две струи. Солидарноста за Франција, и релативизацијата за Украина, мора да се објаснат некои работи.

Прво, околу релативизацијата.
Знаеме дека во светот секојдневно има убиства и страдања, сиромаштија и болести, катастрофи и епидемии. Знаеме дека невини луѓе страдаат секој ден во различни држави во разни делови од светот.

Ако поентата беше да се истакнат истите за да се поентира дека човечкиот живот вреди исто, во ситуација кога многу луѓе биле “хипокритични“ затоа што зборуваат за катастрофата во Франција, тогаш во ред. Но, зошто вие, кои напоменувате дека никој не се замара(л) со страдањата надвор од западните цивилизации, не се замаравте до ден денес? Ако ние, зборуваме денес за Франција, која настрада, зошто вие вчера, завчера не зборувавте за останатите настрадани, каде што има исти или слични ситуации ко во Франција?

Второ, мора да направите разлика меѓу катастрофа како француската во ситуација на мир и благосостојба и катастрофи кои се случуваат во услови на граѓански војни и конфликти.

Не е спорно дека човечкиот живот вреди исто и дека истиот катаден е загубен во ситуации на војни и конфликти. Но, затоа постои држава, затоа постои организација и власт. Затоа постои сувереност, за да ги решава таквите работи и да воспостави мир и демократија – она што европските земји го имаат. Сирија, Палестина и останати – исто крварат како Франција. Но таму не владее мирот, и затоа има “општа готовс“ ситуација.
Мора да направите разлика од граѓанска војна каде што се случуваат катастрофи како во Сирија – нешто што светот и тоа како го перцепира.

15.11paris2
Меѓутоа, ајде замислете свет каде што шетате на тротоар и не се враќате дома, заради тоа што некоја ретардирана индоктринација решила да го одземе животот, само “онака“? Баш како во Франција!
Во Франција се случи катастрофа од која СВЕТОТ крвари.

Жално е да се изгубат толку многу животи. Но, за разлика од сите други такви приказни на светот, уште покатастрофална е пораката која вчера одекна од Париз.

Секое место на планетата кое го краси мир и благосостојба во секој момент може да биде следниот Париз.
За се останато, постои организација, постои држава. Но, тероризмот, како што гледаме, е најподлата општествена девијација, со која тешко може да се ажурира модерната цивилизација.

Пишува: М-р Горан Китевски, помлад асистент на Институт за географија при ПМФ