Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Алехандро Родригез, Мануел Бермудез и Виктор Иго Прада планираат со церемонија да го прослават потпишувањето на нивната граѓанска унија, прва од ваков вид во Колумбија, а веројатно и во светот. Имено, во Колумбија досега немало полигамна геј заедница.
„Сакаме да направиме тоа што е интимно да биде јавно“, вели Прада, најмлад од тројцата мажи. „Немаме причина да го криеме тоа. Само им помагаме на луѓето да сфатат дека има различни видови на љубов и различни видови на семејство“.
Кога јавен нотар во Меделин ги потпиша документите минатиот месец, формализирајќи ја заедницата меѓу Прада, Бермудез и Родригез, локалните весници објавија дека ова е првиот геј брак на три лица.
Сепак, во правна смисла, не станува збор за брак, вели Герман Ринкон-Перфети, адвокатот кој го напишал документот. „Според колумбискиот закон, брак е заедница меѓу две лица, така што моравме да смислиме нов термин: специјална патримонијална заедница“.
Документот тврди дека тројцата мажи сочинуваат семејство и се меѓусебно легални партнери.
„Не сме тројца пријатели кои живеат заедно. Ние сме семејство, тројка“, вели Прада. „Веќе бевме семејство и пред ова. Документот само тоа го формализираше“.
Бермудез и Родригез веќе биле заедно 18 години и се првиот машки геј пар во Колумбија кој добил законско признание за нивната врска во 2000 година, 16 години пред државата да го легализира геј бракот. Осум години, имале друг љубовник – Алекс Еснајдер Забала, кој починал пред три години. Прада се вклучил на полигамната врска пред четири години.
Уставниот суд на Колумбија ги одобри хомосексуалните бракови во 2016 година, а во 2015 на истородовите парови им беше дозволено и да посвојуваат деца.