Колку време смеете да седите крснозе?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Здравствените експерти со години не предупредуваат дека седењето со прекрстени нозе е штетно за здравјето, како за вените така и за грбот и дека предизвикува појава на целулит. Меѓутоа, новото истражување дојде до заклучок дека таа положба на седење е штетна само ако во неа седиме подолго од одредено време.

Анализирајќи ги податоците од истражувањата кои се занимавале со пронаоѓање на причините за појава на варикозни вени, оштетени нерви и висок крвен притисок, научниците дошле до заклучок дека седењето со прекрстени нозе не ги предизвикува тие здравствени проблеми, но само ако не седите во таа положба подолго од одредено време, т.е. додека нозете не почнат да трнат.

Имено, предолгото седење во било која положба може да предизвика затапување на нервите поради што исчезнува чувството во нозете.

Во врска со дилемата што тогаш предизвикува варикозни вени, експертите имаат поделени мислења. Едни тврдат дека „вината” најмногу лежи во генетиката, додека други велат дека предолгото седење со прекрстени нозе може да предизвика оштетување на вените.