Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според официјалните податоци препорачани од Националната здравствена служба (NHS) на Британија, на повеќето возрасни им е потребен здрав сон од 6 до 9 часа.
Интересно е што истражувањата на експерти од Вашингтон покажале дека премногу сон не е добро и дека тоа може да ја попречува когнитивната функција на луѓето. Со други зборови, предолгото спиење, може драстично да го намали капацитетот за примање информации во текот на денот, но може да влијае и на комуникацијата, размислувањето, меморијата и општото интелектуално функционирање.
Исто така, било откриено дека луѓето кои спијат помалку, на пример, од 4,5 часа до 6,5 часа секоја вечер, се изложени на поголем ризик од когнитивен пад со текот на времето.
– Времетраењето на спиењето има ист ефект врз мозокот како стареењето – што е еден од факторите на ризик за развој на Алцхајмерова болест – се вели во студијата.
Вишиот предавач по психологија Грег Елдер во „The Conversation“ истакнува дека тие навистина не может да утврдат зошто долгото спиење е поврзано со когнитивниот пад ако една теорија тврди дека спиењето е неопходно за мозокот да се ослободи од штетните протеини акумулирани во текот на денот. Тој истакнува дека истражуваањето е изненадувачко, имајќи предвид дека Националната здравствена служба во Британија и Центарот за контрола на болести во САД наведуваат дека луѓето треба да спијат повеќе од 6 часа.
– Кога станува збор за ризикот од развој на деменција, квалитетот на спиењето е поважен од должината на спиењето – рече тој и објасни дека луѓето кои спиеле подолго можеби имале други состојби кои би можеле значително да влијаат на нивниот когнитивен пад, како што е лошото здравје. физичката неактивност или лошиот социоекономски статус.
Друга посебна студија од Сан Франциско покажа дека количината на сон е поврзана со генетиката. Авторот на тоа истражување, неврологот Луис Птачек, истакнал оти постои тврдење дека за добар сон не е неопходно да се спие 8 часа и дека количината на сон потребна на луѓето зависи и од генетиката. Студијата опфатила семејства кои спиеле кратко (FNSS), но сепак биле способни непречено да функционираат и покрај тоа што спиеле од 4 до 6 часа во текот на ноќта.