Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Е-цигарите можат да бидат штетни за забите и забната глеѓ исто како класичните цигари, предупредуваат американските научници од Универзитетот во Рочестер.
Резултатите од лабораториските експерименти спроведени на примероци на заби на непушачи, се во спротивност на тврдењата дека е-цигарите се по здрава алтернатива од класичните цигари, пишува во стручното списание Oncotarget.
Се покажа дека користењето на е-цигари предизвикува излачување на воспалителни протеини во клетките на забната маса, што го влошува клеточниот стрес и резултира со оштетувања кои можат да доведат до многу болести на усната шуплина, пренесоа медиумите.
Зачестеноста на овие оштетувања расте пропорционално со честото користење на е-цигарите, додаваат истражувачите.
Дополнителен ризик е откриен при употреба на хемиски соединенија кои додаваат вкус на е-цигарите.
Е-цигарите исто така содржат никотин, познат фактор за ризик на болести на забната маса.