Колку пари добија македонските клубови од УЕФА?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалската куќа на УЕФА денес традиционално ги објави сумите кои им ги исплати на клубовите што учествуваа во европските натпреварувања минатата сезона.

Од македонските клубови најмногу добри Вардар, точно 1 милион евра, а Шкендија е побогата за 920.000 евра од УЕФА. Работнички добива 440.000 евра, а Пелистер ќе инкасира 215.000 евра.

Со солидарните исплати на УЕФА европската куќа на фудбалот сака парите да се распределат не само на 32. најдобри тима од Лигата на шампионите. Тука се распределија 124,37 милиони евра од ЛШ и Лига Европа во споредба со 120,83 милиони евра минатата сезона.

Ограничување е тоа што клубовите ќе мора да ги користат парите на младински развој и развој на локалните фудбалски заедници.