Колку навистина е опасен аналниот секс?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кога Гвинет Полтроу на својот блог Goop пишуваше за аналниот секс кај хетеросексуалните парови, се крена голема прашина во јавноста. Во интервју со психоаналитичарот Пол Џоанидес, автор на „Водич за секс“, анализирана беше историјата на аналниот секс, но и ризиците кои ги носи неговата популаризација.

„На почетокот аналниот секс предизвикувал шок, потоа станал културолошка појава, а денес е практично стандардна активност во спалната соба, или барем таков впечаток се добива од медиумите и ТВ сериите“, напиша новинарката од Goop.

Истражувањето не потврдува дека аналниот секс е толку честа активност, но студијата од 2016 година покажа дека 12,2% од Американките имале анален секс во последните три месеци (во периодот на студијата), од што е очигледно дека жените се љубопитни и спремни да го искусат.

Health.com разговараше со гинекологот Лорен Ф. Страјхер, директорка на Центарот за сексуална медицина и менопауза на универзитетот Нортвестерн, која ги предупредува жените на некои ризици кои ги носи аналниот секс.

„Реално, анусот не е создаден за секс, тој е пред сè еднонасочен излез. Вагината, од друга страна, е со подебел и поеластичен ѕид со способност да се растегнува“, вели таа.

Користете заштита

Ректалното ткиво е потанко и не е еластично, поради што е полесно да се разрани и оштети, тврди Роберт Шнајдер, автор на Sex Rx.

Повредите на анусот го зголемуваат ризикот од зараза со некоја полово пренослива болест, како ректална гонореа, анална кламидија и HIV. Според податоците од американскиот центар за контрола и превенција од болести, аналниот секс е најризичен за пренос на HIV, но и на HPV вирусот.

„Многу малку хетеросексуални мажи се заразени со HIV, но речиси половина од нив се носители на HPV вирусот“, вели Страјхер.

HPV вирусот може да предизвика анални брадавици и анален канцер. Дополнителен проблем е тоа што веројатно нема да се тестирате на анални болести, освен ако вашиот лекар не процени дека треба да го направите тоа. Аналниот секс може да предизвика и болка, крварење и фекална инконтенција.

Истражувањето од универзитетот Нортвестерн покажа дека жените кои редовно практикуваат анален секс забележале промена во својата столица и урината. Најбезбедно практикување на анален секс е со користење на заштита, порачува Страјхер.

„Дури и ако сте во моногамна врска, секогаш би требало да користите кондом за анален секс. Ако после аналниот секс имате вагинален, партнерот би требало да го смени кондомот, за да се спречи инфекција на уринарниот тракт“, советува таа.