Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Добриот сон е важен поради повеќе причини, а една од нив се љубовните врски. Спиењето е важен фактор и влијае врз многу аспекти од животот.
Зависно од тоа колку добро сте наспиени таква ќе биде и вашата волја, а со самото тоа и емоциите во врската. Долго време се смета дека спиењето влијае врз нашето расположение, а сега е утврдено како влијае и врз поврзаноста со партнерот. Спиењето на пример може да влијае врз интимноста на врската, пишува Your Tango.
Со прегратки намалете ја нервозата
Прегратката од најдрагите може да биде важна во намалување на нервозата која ја чувстуваме поради работата и слично. Истражувањето тврди дека заедничкото спиење позитивно влијае рз врската. А оние парови кои се галат пред спиење се помалку склони на нервоза и анксиозност.
Се намалуваат караниците
Кога добро ќе се наспиете, тогаш сте помалку склони на нервоза, а со самото тоа и помалку расправии и караници. Тогаш без разлика колку многу сте налутени еден на друг, караници нема да има ако сте двајцата одморени. Седумчасовно спиење, ќе направи големи промени во секојдневието.
Гледањето телевизија навечер не влијае добро
Ако сте одлучиле да останите подолго будни, помирете се со тоа дека следниот ден ќе бидете уморни, а со тоа и интересот за партнерот ќе се намали. Тоа го потврдува едно истражување спроведено во оваа област.
Делењето на креветот е здраво
Кога спиете со партнерот тогаш и се грижите за него. Пазите секогаш да е покриен и да не го „истуркате“ од креветот.
Уморот може да предизвика расправии
Уморот значи и можност за караници, но и будење на партнерот среде ноќ. Не заборавајте дека е важно да одите на спиење и уживате во друштво на партнерот, дури и кога спиете.