Колку долго нè штитат од вируси и бактерии средствата за дезинфекција?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако светот буквално беше клекнат на колена од страна на глобалната епидемија на коронавирусот, огромен број луѓе сериозно се заинтересираа и често го поставуваа прашањето колку долго траат и штитат од бактерии и вируси средствата за дезинфекција со кои ги дезинфицираме рацете.

Центарот за контрола и превенција на болести тврди дека еден од најдобрите начини за заштита е користењето на средства за дезинфекција на рацете кое содржи 60 отсто алкохол. Сепак, треба да знаете дека тоа средство не делува долго и дека миењето на рацете со вода и сапун треба секако да биде прв избор на сите.

Вистина е дека средствата за дезинфекција врз база на алкохол се добра алтернатива на сапун и вода, но кога ги миете рацете буквално ги отстранувате нечистотиите што завршуваат во одводот, додека средствата за дезинфекција убиваат сè што се наоѓа на вашите раце во тој момент.

Сепак, наскоро ќе допрете некоја загадена површина па вашите раце повторно ќе бидат валкани. Затоа, рацете не можат да бидат чисти повеќе од неколку минути по миењето или дезинфекцијата.

Значи, кога ќе ги исчистите рацете на кој било начин, тие нема да останат чисти долго, затоа повторно измијте ги или дезинфицирајте ги рацете пред да го допрете лицето или да јадете, дури и ако сте го направиле тоа 10 минути порано.