Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жестоките алкохолни пијалоци, како што е коњакот се познати по својот вкус, боја и мирис за кои се потребни години на ферментација. Меѓутоа, научниците во Шпанија користат ултразвук со цел да го скратат тоа време на само неколку дена.
Стареењето на коњакот зависи од времето поминато во бурињата, како и средината во која се наоѓа. Тоа значи дека при негово стареење се случуваат различни хемиски реакции помеѓу алкохолот и дрвото од бурето. Така пијалокот резултира боја и вкус, што им овозможува на луѓето да го бираат омилениот вид.
За да се случат вакви реакции е потребно време, кое е главна причина за производство на квалитетен производ. Сега научниците ставија крај на тоа чекање.
Ултразвучните бранови, поради кои ткивата многу брзо ослободуваат супстанци, можат да помогнат во двоењето на соединенијата од растителните ткива во вид на алкохол, а научниците сакале да проверат дали истите ефекти се случуваат и кај коњакот.
Во студијата, истражувачите применувале ултразвучни зраци на дестилирано вино кое минувало низ процес на стареење. Кога виното поминува низ дабовата иверка е изложено на ултразвучни бранови. Се испоставило дека ослободените супстанци биле многу слични со оние на коњакот кој лежел многу години.
Во студијата, предводена од проф.Валме Гарсија од Универзитетот во Кадиз, учествувале осум судии кои го оценувале вкусот на коњакот. Сите признале дека тој производ е еднакво добар како било кој друг коњак на пазарот. Тоа значи дека во иднина пазарот може да добие нови видови на коњак направени со помош на ултразвук.
За жал според Европските правила и прописи, овој алкохол неможе да се нарече коњак. Тие наведуваат дека само пијалокот кој лежи со години во дабови буриња може да се нарече коњак.
Поради својата репутација, некои видови на коњак се премногу скапи. Новините пишуваат дека пазарот на коњак до 2020 година ќе премине неверојатни 63 милиони долари. Во 2011 година во Шангај е постигната највисоката цена за еден литар коњак. Тогаш, литар коњак Cuvee Leonie од 1858 ма е продаден за милион кинески јуани.
Извор: еНаука.мк