Колку буџетите од половина градови кај нас заедно: 380 милиони евра за Да Винчи


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Сликата на големиот ренесансен уметник Леонардо да Винчи е продадена на аукција за рекордни 380 милиони евра, уривајќи го рекордот за претходно продадени уметнички дела, било на аукција или приватно.

Сликата „ Salvator Mundi “, што на латински значи „Спасителот на светот“, е една од речиси 20 слики на Да Винчи кои се знае дека постојат, а единствена која е во приватна сопственост. Ова уметничко дело беше продадено од аукциската куќа „Кристи“, која не го објави веднаш името на купувачот, објави АП.

Агентите кои наддаваа и ја купија сликата

Највисоката цена платена за уметничко дело на аукција досега беше 152 милиони евра, за сликата на шпанскиот уметник Пабло Пикасо „Жените од Алжир“ (верзија O) во мај 2015 година, исто така, од аукциската куќа „Кристи“ во Њујорк.  Највисоката позната цената за кое било уметничко дело беше 253 милиони евра, за сликата на канадско-американскиот уметник Вилем де Кунинг „Interchange“, која е продадена приватно во септември 2015 година.

Гарантирана цена на сликата „Salvator Mundi“ на аукцијата беше помалку од 85 милиони евра, а понудата е отворено со 75 милиони долари (63.661.828 евра) и траеше 19 минути. Цената достигна 300 милиони долари (254.647.313 евра) отприлика на половина од аукцијата. Луѓето во галеријата на аукциската куќа аплаудираа и извикуваа кога аукцијата достигна 300 милиони долари и кога ја достигна конечната понуда од 400 милиони долари (339.529.751 евра).

Рекордната цена на продадената слика 450 милиони долари (380 милиони евра) вклучуваше надомест што купувачот го платил на аукциската куќа. Сликата висока 66 сантиметри датира од околу 1500 година, а на неа е Исус Христос, облечен во ренесансен стил, со неговата десна рака подигната дава благослов, а во левата држи кристална топка.

Нејзиниот пат од студиото на италијанскиот уметник до аукциската куќа „Кристи“ не беше лесен, некогаш таа беше во сопственост на кралот Чарлс I на Англија, и како што е наведено, исчезна од видик до 1900 година, кога повторно се појави, и ја купи британски колекционер.