Колинда во топ форма: Ослабена и подмладена – ја откри и „тајната“ за одличниот изглед


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, изминатиов период посветено и бескомпромисно работеше на подобрување и одржување на одличниот физички изглед и топ фигурата која ја доби со значителното губење на вишокот килограми.

И додека некои сметаат дека нејзиниот одличен изглед е резултат на драстична и ригорозна диета, таа за хрватски „Gloria“ ја открива својата „тајна“ за завидната линија.

„Поради обврските не смеам да бидам гладна, бидејќи во спротивно мозокот не ми функционира како што треба. Признавам, претходно знаев да се тешам со храната, особено со сендвичите по напорниот работен ден, што и ме доведе до вишокот килограми. Но, денес сум горда, бидејќи можам да влезам во маскирните панталони што ги купив пред 10 години во Америка. Многумина ме прашуваат која е мојата тајна, а јас велам дека за мојата добра линија се заслужни движењето и медитеранската исхрана“, рекла хрватската претседателка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kolinda Grabar-Kitarović (@predsjednicarh) on

Колинда објасни дека на дневна основа пие исклучиво вода од чешма, избегнува кафе заради кофеинот, не пие црвено вино поради интолеранцијата на хистамин. Од маснотиите користи домашно маслиново масло и малку маслац, а во фрижидерот секогаш има многу овошје и зеленчук, особено авокадо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kolinda Grabar-Kitarović (@predsjednicarh) on

Сосема го исфрлила шеќерот и во нејзината исхрана нема леб.

„Контролирана и балансирана исхрана. Нема јадење ноќе и мора да се движите“, додава на крајот Колинда.