Колинда Грабар Китаровиќ сака турбофолк и не го крие тоа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ пред неколку дена гостуваше на радио Мрежница каде откри, меѓу другото, дека обожава турбофолк.

Во опуштен разговор со Сања Долежал, Колинда одговараше на серија блиц прашања, а едно од нив беше дали повеќе сака народно или забавно.

„Уф, зависи од приликата“, одговори Колинда. „Главно забавно, но кога е фешта народно“, додаде таа. Меѓу другото, таа откри дека повеќе е за риба отколку за месо, повеќе за пиво од овино и за солено отколку благо.

Кај нас одамна некој од врвот на политиката не бил „задрен“ за вакви секојдневни прашања и вкусови, иако многумина веќе им го знаат вкусот на нашите политичари.