Количево е магнет за жени – така вели газдата


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Легендарното Југо остави неизбришливи траги по патиштата од бивша Југославија, а за многумина беше и прв автомобил кој си го купиле во животот, за некои и последен.

Но, сопственикот на овој примерок толку многу си го има земено на срце своето Југо што максимално ја спушта цената за истиот, ако количето му биде во близина кога ќе го продаде. Чудно? Читајте понатаму.

Магнет за жени

Овој примерок има своја посебна приказна. Докажан е како магнет за жени, барем според тврдењето на неговиот продавач, кому првенствено многу му значи поради жените кои ги возел со него и количето го сака повеќе од својот живот. Авантурата за една вечер или чистата романтика – зависи како гледате на ситуацијата – во форма на ова Југо е обновена во добра мера. Но, бидејќи се потребни и дополнителни вложувања, цената е доста привлечна за некој кој е спремен да одвои од слободното време и да го заврши реновирањето на истото, па да разгори некоја нова љубов.

Уште во 1990 година беше најпродавано возило на пазарот, а во годините подоцна го надмина само Фаворитот. Но, сè до крајот на долговековната Застава, беше најчесто застапен автомобил на патиштата.

За состојбата, цената и другите податоци за погорниот примерок, можете повеќе да најдете ОВДЕ.