Авто мото

Количе од 30.000 евра: Специјален модел на Bugatti за богаташките деца

Bugatti Baby II е луксузен детски модел на познатиот спортски автомобилски бренд изработен само во 500 примероци. Иако има висока цена за еден ваков модел – почетна цена му е 30.000 евра – целокупната серија е веќе резервирана.

Кога во Женева Bugatti го претстави 3D моделот од ова нивно автомобилче, малкумина мислеа дека станува збор за сериозен проект. Но, моделот излезе во продажба, во три верзии, а дизајниран и изработен е во чест на 110-годишнината од основањето на компанијата која стана планетарно познат бренд кога стнаува збор за спортски автомобили.

Двете поинтересни, Carbon Vitesse и алуминиумскиот Pur Sang, доаѓаат со Speed ​​Key, што значи дека во нив може да влезе и тато.

Тоа е реплика со тежина од 230 кг и должина од 2,8 метри, напојувана од електричен мотор. Батеријата од 1.4 kWh доаѓа во стандардна големина и обезбедува опсег од 30 км. Инаку, границата е поставена на 20 км на час (1кВ) или 45 км на час во програмата за возрасни (4 kW).

Опремен е со материјали од прва класа вклучително светла, сирени и далечински управувач на погонот во радиус од 50 метри.

Почетната цена е 30.000 евра, сума за која што можете да се купи добро опремен компактен кросовер. За утеха, секој клиент добива и членство во The Little Car Club, каде детето заедно со најдобрите безалкохолни пијалоци, може да го повози својот Бугати на вистински пат.

Advertisements
To Top