Колешките на Јанева од СЈО досега не се повикани на сведочење за „Рекет“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако и официјално институционално беше отворен случај за аферата „Рекет“, никој од обвинителскиот тим на Специјалното јавно обвинителство не е повикан да сведочи за нивната колешка и шефица, Катица Јанева, чие име се споменува во рамки на оваа афера.

Официјално, од Обвинителството велат дека до овој момент обвинителите немаат дадено исказ, но меѓу двете обвинителства имало комуникација за случајот во кој засега има двајца осомничени, неформалниот сопственик на 1ТВ, Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, пренесува „Независен“.

Неофицијално, обвинители од Специјалното јавно обвинителство коментираат дека сите обвинители се отворени за соработка со нивните колеги, како што порача и обвинителката Ленче Ристоска. Еден ден по оставката на Јанева и по отворањето на случајот „Рекет“, обвинителката Ристоска ја потврди спремноста за соработка со институциите, но под превозот на тајноста што ја предвидува законот, не одговори дали обвинителите знаеле дека нешто се случува во обвинителството.

Во Обвинителството не била ниту обвинителката која го водеше случајот „Империја“, Лиле Стефанова, чиј осомничен, Орце Камчев, стана сведок во новиот случај. Сепак, обвинителката која го води случајот, Вилма Русковска, обелодени дека две обвинителки се нуделе да дадат исказ за случајот во кој е вмешана, но не и осомничена Јанева.

И додека Ристоска воопшто не го споменуваше името на својата шефица, Стефанова излезе и децидно одговори дека ниту еден документ од СЈО не излегол без потпис на Јанева.

Во меѓувреме, заврши вештачењето на телефонот кој ѝ беше одземен во понеделникот вечерта на специјалната јавна обвинителка.

„Вештачењето на мобилниот телефон е завршено. Но, со цел да не се попречи на натамошното водење на истражната постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупција не е во можност да сподели детали околу содржината на извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на јавниот обвинител“, велат од Обвинителството.

Со ова, обвинителката Русковска може да добие докази плус, односно ќе може да провери дали Јанева комуницирала со Боки 13 и дали има некои други сомнителни броеви и пораки во нејзиниот телефон. Сепак, треба да провери дали овој е вистинскиот телефон, на кој Јанева била пуштана спикерфон додека Боки 13 барал рекет од бизнисменот Орце Камчев.

Вториот мобилен телефон на Јанева сè уште не е пројаден и не се знае на кој телефон се воделе спорните разговори.