Колегијален бакнеж: Роналдо „го цмокна“ Дибала


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италијанскиот неприкосновен фудбалски шампион Јувентус го доби големото дерби на Сериа А против Интер со резултат од 2-1.

По големиот триумф фудбалерите на „Старата дама“ и тоа како имаа добра причина да бидат среќни и задоволни од постигнатото.

Атмосферата во соблекувалната на Јуве дефинитивно е одлична. Тоа можеше да се види и по дербито против Интер. Стрелецот на првиот гол, Аргентинецот Пауло Дибала доби бакнеж од Кристиано Роналдо додека даваше интервју во микс зоната.

Нешто слично стори и искусниот Леонардо Бонучи, тој го бакна Дибала во вратот.