Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бомбастичната Коко Т тврди дека нејзиниот задник ја променил историјата, бидејќи истиот гордо го истакнувала многу пред Ким Кардашијан и Ники Минаж да го иницираат таквиот тренд.
Старлетата истакнува дека со моделинг се занимава од нејзина 21 година. „Не пишувам често за тоа и моите нови пријатели не знаат дека зад себе имам богата кариера како модел. Тие гледаат само сопруга, мајка и лице од реалните шоу емисии, но како и секоја актерка, рапер или забавувач, горда сум на оствареното“, пишува на својата фотка од стариот календар Коко, на која позира микро танга покрај моќен мотор.
„Горда сум на тоа што го имам направено. Чувствувам дека луѓето би требало да знаат дека не беше лесно. Го чистев патот за полничките девојки во период кога доминираа слабите манекенки (во ерата на Кејт Мос, како што го нарекуваат тој период), за тие да бидат видени како прекрасни. Тоа беше многу пред појавата на социјалните мрежи, многу пред Ким Кардашијан, Ники Минаж…“
„Ова го потенцирам бидејќи младите луѓе веруваат дека денешната поп култура создава историја, но сето тоа почна многу порано“, вели Коко, потсетувајќи дека некогаш големиот задник беше синоним за дебелина, но таа ги сменила таквите ставови кај луѓето.