Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Коке, еден од најдобрите фудбалерите на Атлетико Мадрид смета дека сè уште ништо не е решено и верува во победа и пласман во финалето.
„Јорганџиите” утре го пречекуваат градскиот ривал во реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите и ги очекува тешка задача да надополнат три гола разлика од првата средба.
Атлетико веќе еднаш го победи Реал со 4:0, а тоа се случи во февруари 2015 година во натпревар од шпанската Примера.
„Ние веќе еднаш ги победивме со 4:0 на Висенте Калдерон и тогаш за нив настапуваше Кристијано Роналдо. Никогаш ништо не се знае во фудбалот, а тоа најдобро го почувствува ПСЖ. Ќе продолжиме да се бориме”- изјави Коке.