Кокаински „рај“: Во село во Колумбија наместо со пари, плаќаат со кокаин


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во село сместено на Андите во Колумбија, нема баш нормални услови за живот (кубурат со вода и струја), ама затоа кокаин има во изобилство. Толку многу што истиот се користи и како платежна валута, наместо пари.

Во ова контроверзно село живеат помалку од 200 луѓе, но тие успеваат да произведат месечно повеќе од 100 килограми кокаин.

Мештаните кокаинот го користат и како чип за коцкање, но и како валута за плаќање. Тие во ова село намирниците ги плаќаат со кокаин, за сметка од 27.000 пезоси пиво се плаќа 10.8 грама кокаин.

Во селото чие име не е откриено, не постои никаков извор на вода за пиење, а мештаните живеат со светлина од свеќи затоа што нема ни струја. Меѓутоа ова село успешно произведува кокаин секој месец бидејќи ова подрачје е исполнето со листовите кои се потребни за правење на оваа дрога.

Вреќа од 2.27 килограми билки може да се преточи во 2 килограми чист кокаин, кој пак може да се продаде за близу 50.000 евра во Њујорк. Тоа значи дека секој месец селото произведува кокаин чија вредност е 2.5 милиони евра.

Владата на Колумбија со години води војна против дилерите на дрога, а ширум земјата се распоредени и трупи за да се искорени и недозволеното садење на оваа билка.

Во октомври минатата година 7 луѓе се убиени додека повеќе од 20 се повредени при акција за искоренување на поле со оваа билка.

Во акцијата се вклучиле и повеќе од 75.000 семејства, кои сакаат да се ја ослободат својата земја од кокаинот.