„Кока Кола“ и „Пепси Ко“ излегуваат од Асоцијацијата на производители на пластика


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гигантит „Кока Кола“ и „Пепси Ко“ ги потврдија нивните одлуки за напуштање на Американската асоцијација на производители на пластика. „Кока Кола“ веќе ја напушти асоцијацијата, а на „Пепси Ко“ членството им и стекнува на крајот од оваа година.

Според „Си-Ен-Ен“, членство во такви асоцијации е лошо за репутацијата на производителите на освежителни пијалаци бидејќи и самите компании во повеќе наврати досега изразуваа загриженост од загадувањето со пластична амбалажа.

Се укажува дека компаниите работат на тоа да користат колку што е можно повеќе вторични суровини во производството на пластични шишиња и да го преработуваат пакувањето на своите производи.

Од асоцијацијата наведуваат дека компаниите донеле решение под притисок на борците за заштита на природната средина како „Гринпис“. Џон Хосвар, претставник на организацијата, смета дека компаниите му штетат на својот имиџ кога настапуваат со изјави за еколошки проблеми и напоредно се членови на асоцијација која лобира во индустријата за производство на пластична амбалажа за еднократна употреба.

Во 2017 година „Кока Кола“ произвела 3,3 милиони тони пластика. Компанијата има за цел до 2030 година да ги преработува сите нејзини пластични шишиња и лименки, додека барем половина од новопроизведените да доаѓаат од рециклирани суровини.

„Пепси Ко“ не даде информација за количините на произведена пластика, но презема мерки за кратење на количините на пластична амбалажа. На пример, водата „Аквафина“ ќе се продава само во лименки, кои полесно се преработуваат.