Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Како и многу други луѓе, така и дел од нас некогаш се двоумеле со која страна од алуминиумската фолија е правилно да се завитка храната – дали со мат страна или со сјајната страна? И дали воопшто има разлика?
Дали сјајната страна рефлектира повеќе топлина или мат страната е подобра за тоа?
Еве го конечниот одговор: ако ја користите сјајната страна, фолијата ја користите на правилниот начин. Но, ако ја користите мат страната – и вие ја користите фолијата на вистинскиот начин.
Според Reynold’s Kitchen, сјајната и мат страната немаат никаква врска со готвењето, тие се такви како нуспроизвод на производството.
„Фолијата се меле во слоеви за време на производствениот процес. Глодањето е процес во кој, со помош на топлина се прави развлекување на фолијата на саканата дебелина. Истовремено, се мелат двата слоја на фолијата, бидејќи во спротино таа би испукала за време на производството. Страната на која тие два слоја се допираат е мат страната. Ефектот од користењето на фолијата е ист, независно од која страна ја користите“, пишува на нивната страна.