Која мизерија сме: Попова Шапка тоне во ѓубре (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Група од невладини организации остро ја критикува моменталната состојба на рекреативниот и ски центар Попова Шапка поради големиот број на ѓубре и комплетната неорганизираност во одржување на истиот.

Недостигот на патна инфраструктура, фекална и атмосферска канализација, немањето паркинг и трупањето отпадоци на Попова Шапка, беа во центарот на критиките на неколку невладини организации. Претставниците на цивилниот сектор побараа од надлежните институции да ги реализираат најавените инвестиции во оваа туристичка дестинација, во спротивно се закануваат со протести и блокирање на улици. На невладините им се приклучија и сопствениците на угостителските објекти.

„Бараме општината редовно да го чисти отпадот, да се поставуват комунални средства како што се контејнери за ѓубре, сообраќајна инфраструктура, да има патишта, паркинг, канализациска и водоводна мрежа, да завршат веќе почнатите проекти како што е жичарницата, системот за вештачки снег и прогласувањето на Попова Шапка за национален парк“, изјави Наим Илјази- активист.

Фото: СДК.мк