Која е трансфер „бомбата“ која ја најави Зидан?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Tренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан не ја исклучува можноста неговиот клуб да доведе уште некое засилување во наредните два дена.

Преодниот рок завршува во понеделник, а Реал за крај може да изненади со уште некој гоолем трансфер.

„Се може да се случи до понеделник. Една бомба, две бомби…Но, важен е натпреварот против Виљареал. На крај и овој тим кој го имам е квалитетен и горд сум на сите играчи. Не би било чесно да се жалам“, изјави Зидан.

Весникот „АС“ пишува дека само еден фудбалер може да биде тоа засилување и станува збор за Пол Погба од Манчестер Јунајтед.

Тој во последниот период се наоѓа во немилост кај навивачите, кои не се задоволни од неговите настапи, па инсистира да се пресели во Реал Мадрид.

Зидан во моментов има 26 фудбалери и е задоволен од екипата, но дел од фудбалерите ќе го напуштат клубот во последните часови од преодниот рок. Тоа би можело да бидат Маријано Дијаз, Хамес Родригез и Герет Бејл.

Извор: Спортски