Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако во суштина се сеќавате на сништата, постои можност да ви недостига малку витамин Б6.
Дополнителна доза на овој витамин чии одлични извори се бананите, туната и авокадото, им помагаат на луѓето за се, помеѓу останатото и се сеќваат на се што сонувале.
Новото истражување спроведено на Универзитетот во Австралија ги проучуваше ефектите од земањето на суплиментите кои го создржат Б6 на стотина испитаници од различни делови на земјата.
Половина од учесниците во истражувањето земале 240 милиграми од овој витамин непосредно пред заминувањето на спиење во текот на пет во низа ноќи, додека останатите добивале плацебо.
Резултатите покажуваат дека испитаниците кои земале Б6 се сеќаваат за 64% повеќе од сништата, како и дека спиеле значително подобро и се буделе одморни и свежи.
„Сништата беа многу реални, одвај чекав да заспијам повторно да сонувам нешто ново“, вели еден од нив.
„На сништата се сеќавам сосема живо и јасно, многу лесно“, го опиша искуството уште еден од испитаниците.
Експертите заклучиле дека овој витамин не влијае добро и на „степенот на бизарност“ на сонот.
Во просек минуваме шест години сонувајќи, вели др. Денолм Еспи, психолог.
„Ако би можеле во сонот да бидеме полуцидни и на некој начин да ги контролираме сништата, би можеле попродуктивно да ги искористиме“.