Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пејачката Дуа Липа моментално е една од најголемите светски поп сензации.
Музичката стриминг платформа Spotify неодамна објави дека двата најслушани албуми на нивниот сервис со близу 20 милијарди слушања се од популарната пејачка. Деби албум „Dua Lipa“ и вториот студиски албум „Future Nostalgia“. Големиот професионален успех во светот на музиката е проследен со големи понуди и во другите сегменти на шоу-бизнисот, па Дуа се најде на насловната страница на француски „Вог“.
Дуа Липа е најновото лице на насловната страница на француски „Вог“ за септември 2023 година, а на фотографот Мерт Алас му позираше со изветвени веѓи и топлес.
View this post on Instagram
Пејачката изгледа значително поинаку на фотографиите од септемвриското модно издание на магазинот со светли веѓи, па на многумина им изгледаше речиси непрепознатливо.
View this post on Instagram
Таа многумина ги потсети на сопругата на Канје Вест, Бјанка Сенсори, чиј начин на облекување деновиве е особено на удар на критики. Една слика особено се истакна и многумина потсети на најконтроверзното издание на Бјанка.
Пејачката со ваквата појава збуни некои луѓе, па на Твитер пишуваат: „Која е ова?“.