Која беше Август Ејмс – порно ѕвездата чија прерана смрт потресе голем број обожаватели


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ненадејната смрт на порно актерката Август Ејмс ја шокираше индустријата за возрасни и нејзината армија обожаватели ширум цел свет. 23-годишната порно актерка беше најдена мртва во својот стан во Камариља во вторникот утрото.

Точната причина за смртта уште не е наведена, но полицијата вели дека нема знаци на убиство. Но, се сомневаат дека станува збор за самоубиство.

Која беше Август Ејмс?

Нејзиното вистинско име беше Мерцедес Грабовски и беше порно ѕвезда во успон во светот на порнографската индустрија. На Твитер ја следеа 584.000 обожаватели, а откако во 2013 година почна да снима филмови за возрасни, се појави во вкупно 270 порнографски наслови. Исто така, два пати освои AVN нагарда вклучително и онаа за „најслатка почетничка“.

Пред порно кариерата работеше како келнерка, бејбиситерка и во солариум. Родена е во Канада, но детството и младоста ги поминала во Колорадо.

Нејзиниот сопруг Кевин, инаку режисер на порнографски филмови, изјави дека Август беше „најпрекрасната личност која му значела сè на светот“.

Зошто ја обвинуваа за хомофобија?

Ејмс на Твитер беше под жестока критика за хомофобно однесување и ставови, откако изјави дека никогаш не би снимала порно сцена со мажи кои снимаат и геј порничи. На обвинувањата одговараше дека за неа е важно да ја задржи автономијата над своето тело.

„Немам за што да се извинувам. Зар треба да се извиниувам што сакам моето тело да остане безбедно? Ебете се сите вие кои ме напаѓате, бидејќи моите намери не беа злобни. Ја обожавам геј заедницата, но бирам кого ќе пуштам внатре во моето тело“, напиша Ејмс на Твитер.

Како порно индустријата реагираше на нејзината смрт

Колегите од нејзината бранша со тага ја примија веста за нејзината смрт. Продукциската куќа за која го сними последниот филм одлучи да ја одложи неговата премиера, објаснувајќи дека за првото прикажување ќе го одбере најпогодниот момент.

Продуценката и режисерка на филмови за возрасни, Ана Ли, изјави дека Август Ејмс била една од првите жени со која имала чест да работи и дека многу ќе и недостига.