Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи на женската трибина „ПичПрич“на која овој пат тема беше „Добив“, во стил на стенд ап комичар преку замислени ситуации раскажува за нејзиниот живот и работа.
На вечерта на раскажување женски приказни „ПричПич“, Фетаи направи пародија на дел од коментарите за нејзиното излегување во дискотека, за кое доби критики на социјалните мрежи. Таа настанот го опиша како да е кривично-правен настан, на кој, било извршено кривично дело.
Покрај објаснувања за коментарите во јавноста за нејзините бунди и ташни, Фетаи низ иронична правничка призма раскажува и за случајот кога таа беше во диско по што во јавноста се отвори дебата дали обвинител на важна позиција во СЈО треба да се забавува на таков начин.
Според приказната на Фетаи таа во дискотеката се сретнала со судија кој ја прашал како можела да отиде таму.
Видео: А1Он