Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пејачката Нивес Целзиус, која моментално можете да ја гледате во улогата на заводдливата Снежана во серијата „Чиста љубов“, после напорните снимања кои траат речиси цел ден, слободното време го минува дома, во својот кревет. А овие денови на Инстаграм се пофали кој на драго срце се мушнува во нејзиниот кревет кога е дома.
Нивес пред три години се разведе од фудбалерот Дино Дрпиќ, со кого имаат две деца, 11-годишниот Леон и 9-годишната Таиша, па од тој период својот љубовен живот го стави на пауза.
Целосно се посвети на воспитувањето и растењето на своите деца, но и на кариерата, па често вели дека нема време за нова љубов. Но, тоа не значи дека креветот на Нивес е празен.
„Некој ми се мушна во креветот“, напиша таа на фотографијата која ја објави деновиве на Инстаграм, а на која се сликани со нејзиното синче.
Иако поради улогата во „Чиста љубов“ многу време поминува на снимање, секој слободен миг се обидува да го посвети на своите најдраги и да го надополни пропуштеното.