Кој сака три месеци бесплатно да живее во Италија – еве му ја шансата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Четири лица ќе имаат можност три месеци да се преселат и да живеат во италијанското село Гротоле, во областа Базиликата, со сите покриени трошоци за живот и бесплатно сместување.

Тоа го нуди „Aribnb“ во нивниот тримесечен проект според кој имаат идеја четворица доброволци да се преселат во Гротола, да се вклопат во селскиот животен стил, да изградат соживот со локалното население и да помогнат околу ревитализација на селото. Сите заинтересирани апликацијата можат да ја најдат ТУКА.

Како и многу други места во Италија, Гротоле останува без луѓе, бидејќи се преселуваат во градовите. Бидејќи многумина го напуштија селото, во моментов има само 300 жители, а околу 600 куќи се празни.

На избраните кандидати ќе бидат платени сите животни трошоци во селото, но ќе бидат одговорни за помагање на локалната непрофитна организација. За возврат, тие ќе добијат бесплатно сместување, околу 900 евра месечно за трошоци и можност да присуствуваат за италијански јазик или курс за готвење. Крајниот рок за испраќање на пријавите е 17 февруари, а почетокот на престојот е закажан за време на летото.

„Нашиот сон е историскиот центар Гротоле пак да биде населен. За 10 години, би сакале да видиме едно село полно со луѓе од различни култури, совршено интегрирано во локалната заедница“, вели Силвио Донадио, основач на организацијата зад проектот.

Она што може да се очекува, најдобро е опишано од локален пчелар.

„Луѓето кои доаѓаат од големите градови ќе најдат старо село опкружено со шуми и ливади. Ние ќе ги поттикнеме да го остават својот стар живот зад себе и да се поврзат со нашиот начин на живот“.

Која е улогата на „Airbnb“ во сето ова?

„Ние сакаме да им помогнеме на овие заедници да се сочуваат за генерациите што доаѓаат”, рече ко-основачот на „Airbnb“, Џо Геби.

Градовите и селата во исчезнување во Италија се обидоа да избегнат целосно напуштање на многу начини. Некои нудат празни куќи што се продаваат за едно евро – во градовите на ридовите Сицилија – Ганди и Самбуки. Единствениот услов е купувачите да инвестираат во реновирање на имотот.

Други, меѓу кои и Риас и Аквафорза во Калабрија, ги прифатија мигрантите и бегалците. Има и напуштени села кои експериментирале со моделот познат како “отворен хотел” во кој целото место се претвора во сместувачки капацитет за туристите. Најпознат пример е Санто Стефано ди Сесанио, село на планината во регионот Абруцо, кое во овој тип на хотел го трансформираше шведско-италијанскиот бизнисмен Даниеле Килгрен.