Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Примерок од прашината што првиот човек кој стапна на Месечината, Нил Армстронг ја донесе од Земјиниот сателит се нуди на продажба во њујоршката аукциска куќа „Сотби“ и се очекува дека тој симбол на славните денови на американската вселенска програма да достигне цена меѓу два и четири милиони долари.
Тоа е една од 180 работи поврзани со патувањето во Вселената, што Sotheby ќе ги понуди на аукција на 20 јули во чест на 48-годишнината од првото слетување на Месечината во 1969 година.
Прашината е првиот примерок од Месечината во историјата.
На аукцијата ќе биде понудена и фотографија на вториот човек што стапна на Месечината, Едвин Олдрин, кој се проценува меѓу 3.000 и 5.000 долари.