Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кога пред почетокот на Светското првенство во јавноста излезе информацијата дека во судските постави кои ќе ја делат правдата на терените во Русија нема да има англиски судии, многумина тоа го дочекаа со аплауз, поради сè послабата репутација на англиските фудбалски арбирти во светот.
Но, сепак, муабетот дека во Русија нема да замине ниту еден англиски судија, на крајот не испадна баш точен.
Англискиот фудбалски судија Мартин Аткинсон, сепак, отпатува во Русија, но не по службна должност. Типот од Англија до рускиот град Калининград со велосипед измина 2.800 километри, а за време на неговото патешествие собра 55.000 фунти за хуманитарни цели.
Во неговиот велосипедски подвиг му се придружи и Џон Мос, уште еден не многу омилен англиски судија. Собраните парични средства ќе бидат поделени на четири здруженија, а нивната цел беше да соберат 60.000 фунти.
Premier League referee Martin Atkinson has raised over £55,000 for charity by cycling from England to Russia ?♂️? pic.twitter.com/OYo9mMeKVj
— Goal (@goal) June 27, 2018