Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фановите на Арсенал и оваа година ги плаќаат најскапите сезонски билети во споредба со сите останати клубови од Премиер лигата.
Според статистиката на „Би-Би-Си“ средната цена на карта за една сезона која ја плаќаат „топџиите“ изнесува 891 фунти. Многу блиску до нив по потрошени пари за билет се приврзаниците на Ливерпул, кои што плаќаат 861 фунти, средна цена за годишен билет.
Најскапите сезонски карти ги имаат лондонските клубови. И тука на врвот е Арсенал, а цената на најскапиот билет изнесува 1768 фунти. Следуваат Тотенхем (1700), Челзи (1250) и Вест Хем (1155).
Единствениот клуб во цела Европа кој што има поскапи билети од тие на Арсенал е Пари Сент Жермен. Најскапиот сезонски билет кај „парижаните“ изнесува 2817 фунти.
Кога станува збор за цените на билет за еден натпревар и тука Арсенал ја држи највисоката цена. На „Емирати“ за еден билет купен онлајн бараат до 95.50 фунти. Следуваат Челзи (до 87), Вест Хем (до 80), Тотенхем (до 75) и Брајтон (до 60).