Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Жолтите елеци“ имаат вкупно 41 барање до француската Влада.
ТРУД И ПЛАТИ
1. Поглема прогресивност во оданочувањето на доходите
2. Минимална нето плата од 1.300 евра
3. Пензискиот систем да остане солидарен
4. Да нема пензија под 1.200 евра
5. Платите и пензиите мора да се прилагодуваат на инфлацијата
ЗАШТИТА НА ЗНАЕЊЕТО И ТРУДОТ
6. Заштита на француската индустрија и забрана за нејзино преселување
7. Секој човек кој работи на француска територија мора да ги има истите права како и француските државјани, а неговиот работодавец мора да ги плаќа истите придонеси
8. На големите компании да им се ограничат работните договори на одредено време. Сакаме повеќе трајни договори
9. Максималната плата може да биде 15.000 евра
10. Отворање работни места за невработените
11. Возрасната граница за пензија треба да биде 60 години, односно 55 години за оние кои работат на тешки работни места
ПРАВО НА ДОМ
12. Решавање на проблемите на бездомниците
13. Ограничување на цените на кириите и обезбедување на повеќе сместувања по умерени цени, особено за студентите и привремените работници
14. Спроведување на планот за топлинска изолација на домовите поради еколошки причини и финансиски бенефит на семејствата
ЈАВНА ПОЛИТИКА
15. Фаворизирање на малите компании во руралните и урбаните средини. Стопирање на изградбата на големи трговски зони околу градовите кои ги убиваат малите бизниси и претприемачи. Повеќе бесплатни паркинзи во градовите
16. Зголемување на надоместокот за инвалиди
17. Продолжување на помошта од PAJEMPLO системот до десет години за шестгодишните деца кои не се згрижени
18. Ист систем за социјална грижа за сите, вклучително и самовработените работници
19. Експресно стопирање на затворањето на малите превозни линии, пошти, школи и родилишта
20. Обезбедување благосостојба за старите лица со доволно пари
21. Најмногу 25 ученици во едно одделени во основните училишта
22. Соодветни алатки за психијатрија
23. Забрана за продажба на државен имот (брани, аеродроми и слично)
24. Правосудството, полицијата, жандармеријата и армијата мора да имаат соодветна опрема. Прекувремените работни часови мора да бидат платени или одбиени од неделните или месечните работни саати
25. Со парите од патарина мора да се одржуваат патиштата, автопатиштата и безбедноста на сообраќајниците
26. Цента на гасот и струјата е поскапена поради приватизација на тој сектор, поради тоа тие повторно мора да станат јавни добра. Цените складно да се намалат на реално ниво
27. Промовирање на превоз на стока со железница
ОДАНОЧУВАЊЕ И ЕКОНОМСКА ПОЛИТИКА
28. Големите компании како МекДоналдс, Гугл, Амазон, Карфур и други мора да плаќаат поголем данок, а малите обврзници и компании помал данок
29. Крај на зголемувањето на трошоците за горива
30. Забрана за почетно оданочување. Даноците во Франција се плаќаат на крајот од годината
31. Крај за даночните кредити за компаниите. Тие пари да се користат за стимулација на француската водородна индустрија, како еколошки поприфатлива од електричната
32. Крај на мерките за штедење. Да се престане со плаќањето камати на нелегитимен долг и започнување отплата на долгот без земање од сиромашните, а 80 милијарди евра кои се потребни за тоа да се најдат во даночните измами
33. Забрана за наплата на надоместок при користење на платежни картички. Одредување на данок за бродско гориво и керозин
ДЕМОКРАТИЈА И ПОЛИТИЧКИ ТРОШОЦИ
34. Секој застапник има право на средна плата. Трошоците за превоз да бидат проверени и надокнадени доколку се оправдани
35. Народниот референдум мора да влезе во Уставот. Мора да создадеме интернет локација за таква намена со која ќе управува целосно независно надзорно тело, каде луѓето ќе можат да си направат сметка. Ако еден предлог добие 700.000 потписи, Националното собрание во рок од една година мора да одржи референдум за тоа прашање на национално ниво. Моментално, францускиот Устав не предвидува референдум
36. Враќање на седумгодишниот мандат на Претседателот на Републиката. Пратеничкиот состав две години после изборот на претседател дозволува апраќање на позитивен или негативен сигнал за неговата политика. Тоа би помогнало да се чуе гласот на народот.
37. Укинување на доживотната плата за претседателите
ИНТЕГРАЦИЈА И ИМИГРАЦИЈА
38. Барателот на азил мора да биде прифатен
39. Причините за присилна миграција мора да се решат
40. Оние на кои им е скратено правото на азил веднаш мора да бидат вратени во матичните земји
41. Воспоставување на право за интеграциска политика. Да се живее во Франција значи да се стане Французин, па таа личност мора да го совлада францускиот јазик и историја, како граѓанското воспитување