Кој ќе седне на вицегувернерското место во НБРМ?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Предлогот за именување на нов вицегувернер во Народната Банка, стаса во Собранието. Гувернерот Димитар Богов ја предложи досегашната вицегувернерка Анита Ангеловска Бежоска за старо нов вицегувернер. Сега, клучно прашање е дали Богов ќе го добие потребното мнозинство во парламентот за да се верификува изборот на Бежоска.

Бежоска долго време работи во Народната банка и таа е квалитетен кадар, смета гувернерот Димитар Богов. Тој во Собрание го испрати предлогот за избор на Анита Ангеловска Бежоска за нов вицегувернер.

Согласно со член 49 став 3 од Законот за Народната банка на Република Македонија, вицегувернерите ги именува Собранието на Република Македонија на предлог на гувернерот. Доставив предлог до Собранието на Република Македонија за именување на д-р Анита Ангеловска Бежоска на местото вицегувернер на Народната банка на Република Македонија, напиша гувернерот Богов.

Во дописот објаснува дека Бежоска е дел од Народната банка долги години наназад и верува во нејзината стручност.

Анита Ангеловска Бежоска е најсоодветен кандидат за местото вицегувернер на Народната банка на Република Македонија, со исклучителна професионална кариера. Уверен сум дека таа е кандидат за кој може да се постигне широк консензус во Собранието на Република Македонија, вели Богов.

Изборот на вицегувернер е по предлог на гувернерот, а за усвојување потребно е просто парламентарно мнозинство. Гувернерот остварил средба со преставници на парламентарните партии, изложувајќи го својот предлог. Поддршка побарал и од СДСМ.

Бежоска е врвен професионалец со беспрекорна кариера и сметам дека таа е најдобриот предлог во овој момент околу кој можеме да постигнеме еден поширок општествен консензус. Очекувам дека Собранието и пратениците ќе го препознаат квалитетот на кадидатот и ќе го поддржат. Ако за таков кандидат не гласаат тогаш јас не знам за кого би гласале, изјави во интервју за Телевизија 24, гувернерот Димитар Богов.

Она што е значајно е како Богов ќе ја добие довербата на власеачката СДСМ, со која до неодамна беше во писмена војна преку соопштенија. Според познавачаите, за да се истурка изборот на Бежоска, сепак ќе биде потребна и поддршката на СДСМ. Од таму главно се воздажуваат од коментари, но дали ќе го дадат својот глас за Бежовска, ќе се види наскоро.