Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Секој граѓанин кој смета дека во некој текст или на некое друго место има елементи на говор на омраза, може да поднесе кривична пријава, но само институциите на нашата држава се оние кои треба да одлучуваат по тоа прашање“, вели министерот за правда Никола Тупанчески во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“.
Тој уверува дека најновите измени во Кривичниот законик каде што е додаден делот на омраза предизвикана „врз основа на закон или ратификуван меѓународен договор“ нема никаква поврзаност со неодамна потпишаниот Билатерален протокол со Бугарија и дека додавките се резултат на одредени меѓународни стандарди кои произлегуваат од дефинирањето на поимот омраза.
„Затоа што нашата дефиниција за говор на омраза што претставува предикативно дело за некои потешки форми на кривични дела е позиционирано врз основа на добро утврдени европски стандарди, така што без оглед на конкретните состојби, билатералниот договор е прилично апстрактен во таа сфера, меѓутоа ние имаме национална регулатива и доколку се држиме до националната регулатива практично ќе стигнеме и до посакуваната цел дека говорот на омраза не секогаш треба да го врзуваме со Бугарија, туку да му дадеме малку екстензивно значење“, вели Тупанчески во интервјуто.
Поранешниот јавен обвинител Константин Кизов пак смета дека одредбите во Протоколот оставаат простор за слободно толкување на говорот на омраза.
„Јас веќе не знам ни дали имаме толку стручни луѓе кои ќе можат да следат и да оценуваат што е говор на омраза а што не е. Па ќе се остава на слободна проценка на тие комисии да ценат , а тоа ќе биде вид на цензура. Ќе биде многу тешко за новинарите и другите и да пишуваат, и да коментираат и да даваат свои ставови и мислења, ќе биде многу тешко“, изјави Кизов.
Тој додава дека во вакви околности Бугарија може се што не им се допаѓа да го окарактеризира како говор на омраза и да бара некакви мерки од земјава кои пак ако не бидат спроведени ќе бидат нивно алиби за понатамошни блокади за македонските евроинтеграции.