Кој ќе ја реши: На брод има 26 овци и 10 кози, колку години има капетанот?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Уште еден мозгачки хит се јави и ги размрда социјалните мрежи. Овој пат станува збор за математичка „загатка“.

Математичка задача која се појави неодамна на социјалните мрежи беше поставена ученици од петто одделение во училиште во Кина, ги збуни дури најинтелигентните корисници.

Ако на бродот се наоѓаат 26 овци и 10 кози, колку години има капетанот на бродот?

Бројот на животни на бродот нема никаква врска со годините на капетанот, напиша еден од корисниците на социјалните мрежи.

Неможам да го решам ова, напиша другиот корисник.

Сепак една личност можеби го има решението.

Корисникот пресмета дека товарот изнесува околу 7.700 кг. а дека возачот на пловни возила во Кина мора да има дозвола најмалку пет години пред да смеат да носат товар кој тежи 5.000 кг. Со оглед на тоа дека дозволата за управување со брод неможе да се добие пред 23 години, возачот има најмалку 28 години, вели корисникот.