Кој ќе го пее насловниот хит од новото продолжение на франшизата за Џејмс Бонд


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Американските таблоиди тврдат дека американската пејачка Бијонсе е во преговори да сними песна за претстојното продолжение од филмовите за Џејмс Бонд.

Пејачката овие денови се состанува со продуцентите на филмот, а можно е во песната да се најде и нејзиниот сопруг Џеј Зи.

„Тие двајца пред официјалниот состанок разговараа со Адел која им објаснила дека изведбите на насловните нумери за филм и помогнале во кариерата. Не беа многу песни толку популарни, а Бијонсе има милиони фанови ширум светот” – наведе извор од студиото МГМ за „Дејли Стар”.

Иако веќе направи добра кариера, песната за најновиот филм од франшизата за Џејмс Бонд би го запечатило нејзиниот статус на ѕвезда и така би се придружила на изведувачите како Ширли Бејс, Адел и Сем Смит.

Инаку претходно овој месец Даниел Крег потврди дека ќе се врати во костумот на Џејмс Бонд, но само овој пат.

„Многу се премислував. Зборував сешто, но тоа е затоа што во интервјуата секогаш сум искрен” – изјави тој и така ги потврди осуммесечните шпекулации за тоа дали во 2019 година ќе го гледаме во новата улога.