Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Група граѓани сопственици на викенд куќи во населба Елен Камен, на струшкиот брег од Охридското езеро, преку писмо реагирале до Општина Струга и градоначалникот Рамиз Мерко како и до повеќе други институции во врска со, како што велат, незаконско градење на брегот на Охридското Езеро.
Нивната пријава ви ја пренесуваме во целост.
Почитувани,
Како сопственици на викенд куќи во населбата Елен Камен, општина Струга ја поднесуваме оваа ПРИЈАВА непријатно изненадени и загрижени од изведувањето на градежни активности, поточно земјен ископ на само десетина метри од крајбрежјето на Охридското Езеро. Укажуваме дека со незаконски изведените градежни работи, покрај останатото е загрозена стабилноста на некои објекти и стабилноста на пристапниот пат кој води до нив, како и безбедноста покрај самиот пат (направена е вештачки опасна провалија). При ова е уништен паркинг простор кој беше на државно земјиште и уништена е функционалноста на улицата.
Постои сомнеж дека овој ископ не е изведен согласно постојната законска регулатива и од тие причини бараме, од горенаведените институции, согласно своите надлежности, да извршат увид и надзор над оваа настаната ситуација и да превземат соодветни законски мерки за спречување на уништувањето на природата и загрозување на животите и имотите на луѓето.
Непознато за нас лице почнало и превзело дејствија на рушење, а потоа и расчитување на терен и ископ за почеток на градба во Населба Елен Камен, општина Струга (во првиот ред покрај езерото во средината на населбата). Не е тешко соодветните институции брзо да го откријат сторителот на ова кривично дело.
Притоа се исечени без дозвола сите дрвја и жбунови и на самата плажа.
Тврдиме дека од формирање на населбата Елен Камен, на локалитетот на кој се изведуваат градежните активности во изминатите години постоеше времен објект – продавница на „Струшка трговија“ за дневно снабдување на корисниците на викенд населбата, кој работеше само во летниот период. На фотографиите во прилог на овој допис се видливи скалите и бетонската платформа на која беше поставен времениот објект – киоск од „Полипласт“.
Пред извесно време кога почна расчистувањето на теренот дознавме дека продавницата времен објкет од пластика, е купена, и дека истата е впишана како станбен објект во ИЛ.50683 за КО Радожда на име Миртиши Аљие КП.4/52 со ЗПЗ 29-м2, со намена А1-1 станбени куќи со дворови-самостојни.
Бараме Државниот правобранител и Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) да проверат што всушност се случило и дали е ова законски.
Бараме одговор како времен објект е запишан како станбена куќа и кој дал согласност за истото?
Останатото земјиште според потатоците во АКН и тоа ИЛ.759 за КП.4/12 ГИЗ се водат на име на РМ.
Према тоа прозилегува дека се гради на земјиште на РМ, па бараме да извршите надзор во одобрението за градење, расчистување на терен и пропратните документи.
Доколку истите непостојат, постои кривично дело градење без одобрение за градење и загрозување на стабилноста и безбедноста на приватни имоти и загрозување на човечки животи, па бараме да превземете соодветни мерки.
Со оглед на горното, бараме да излезете на терен и да ја проверите состојбата, почетокот на градбата, документите, сопственоста и одобрението за градење.
Ова Пријава ја поднесуваме до гореспоменатите надлежни институции со цел навремено информирање, како и барање за превземење на сите законски механизми за спречување на понатамошни незаконски дејствија од страна на непознат за нас градител и бараме враќање на теренот во првобитна состојба и засадување на нови садници на местата на исечените.
Бараме Државниот правобранител и Министерот за транспорт и врски, да ја проверат постапката за легализација на објектот или незнаеме која постапка била водена, бидејки не ни е јасно како времен објект е впишан како објект-семејна зграда А1-1 СТАМБЕНИ КУЌИ СО ДВОРОВИ, и кој го утврдил тоа и кој дал согласност за истото?
Видно од ИЛ.50683 за КО Радожда сопственикот има 26-м2 А1-1 стамбени куќи со дворови м.в. Еленско од кои 29-м2 се зпз-земјиште под зграда КП.4/52 КО Радожда.
Веднаш се забележува дека нешто не е во ред со овој ИЛ.
Сопственикот има станбена куќа со двор од 26-м2, а земјиште испод куќата 29-м2. А плацот е ископан за градба од 443-м2, кои према ИЛ.759 за КО Радожда за КП.4/12 и 4/51 стои градежно изградено земјште КОЕ НИКОГАШ НЕ БИЛО ИЗГРАДЕНО ЗА ШТО СЕ СВЕДОЦИ СИТЕ ЖИТЕЛИ НА НАСЕЛБАТА и се води на РМ.
Бараме, од Општина Струга, како надлежна за изработка, донесување и спроведување на урбанистички планови, урбанистичко-плански и урбанистичко проектни документации и од надлежните општински урбанистички и градежен инспектор, надлежни за инспекциски надзор, да превземат законски дејствија за спречување на извршување на незаконски градежни активности на терен.
Од Министерот за транспорт и врски и од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам бараме да биде извршен надзор над спроведување на Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за градење и Законот за постапување со бесправно изградени објекти при изведување на овие градежни дејствија.
Посебно укажуваме дека предметниот простор се наоѓа во границите на „Охридското природно и културно-историско подрачје“ (Решение бр. 03-461 од 08.12.1978 год.) и дека претставува дел од природното и културното наследство на Охридскиот регион заштитен од УНЕСКО, за кој се пропишани посебни услови за градење. Од тие причини, од Министерството за култура – Комисија за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион бараме да постапат согласно Законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион („Сл. Весник на РМ“ бр. 75/10).
Од Државниот инспекторат за животна средина бараме да постапат согласно Законот за заштита на животната средина, Законот за води и Законот за заштита на природата посебно што овие градежни активности се изведуваат на растојание од десетина метри од крајбрежјето на Охридското езеро.
Бараме да соодветните надлежни институции дадат налог за враќање на теренот во првобитна состојба, обезбедување на стабилност на теренот (посебно на улицата и уништениот паркинг простор), обезбедување на безбедност на имотите и животите со изработка на безбеден потпорен ѕид и ограда на истиот.
Од горенаведените институции очекуваме најодговорно да превземат соодветни законски дејствија во насока на заштита на заштита на животите и имотите на граѓаните, како и на природното наследство, Охридското Езеро.
Со почит,
Група граѓани од населбата Елен Камен, Струга
Испратено до:
ОПШТИНА СТРУГА – ГРАДОНАЧАЛНИК Рамиз Мерко
ОПШТИНСКА ГРАДЕЖНА ИНСПЕКЦИЈА
МИНИСТЕР ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ, Горан Сугарески
ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО И УРБАНИЗАМ
МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА – Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, претседател Зоран Павлов
ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА
ДРЖАВЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ
АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ
ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА СТРУГА
СВР ОХРИД