Кој го уби Семјуел?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во првиот трејлер за долгоочекуваниот филм Murder on the Orient Express, кој е правен по познатиот роман од Агата Кристи, сите ликови изгледаат како убијци на пријателот од детективот Херкул Поаро.

Дејството почнува кога Поаро во возот Ориент Експрес запознава многу близок пријател. Тие двајца, поради снегот, заглавуваат во мало место покрај Винковци, две ноќи пред Истанбул. Следното утро Семјуел Едвард Рачет е најден избоден во своето купе. Поаро се сомнева во дванаесет лица.

Филмот режисерски го потпишува Кенет Бранах, кој успеа да собере големи актерски ѕвезди во своето дело како Џони Деп, Пенелопе Круз, Џуди Денч, Мишел Фајфер, Вилием Дефо и други. Бранах, освен како режисер, се појавува и пред камерата во улогата на детективот Поаро кој ќе има задача да го истражи убиството на својот пријател во возот.

Иако филмот е работен според романот од Агата Кристи, Бранах вели дека гледачите можат да очекуваат неколку изненадувања. Ова е трета екранизирана верзија на познатиот роман. Првата ја направи Сидни Ламет во 1974 година, а втората Карл Шенкел во 2001 година.

Премиерата на филмот во Велика Британија е на 3 ноември, а во САД на 10 ноември.