Home Живот и здравје Кој ги купи најскапите дијамантски обетки од 57 милиони долари!?

Кој ги купи најскапите дијамантски обетки од 57 милиони долари!?

Обетки направени од еден син и еден розов дијамант продадени се во Женева за рекордни 57 милиони долари на аукција на куќата „Sotbi“.

Експерите утврдија дека двата дијаманти се едни од хемиски најчистите дијаманти поради што имаат висок степен на оптичка прозрачност, соопшти аукциската куќа.

Синиот дијамант наречен „Аполо Блу“ е најголем дијамант од таа категорија кој некогаш е понуден на аукциска продажба и е 14.54 карати, додека другиот „Артемис Пинк“ содржи 16 карати.

Името на купецот на најскапите обетки во светот не е соопштено!

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Моден камбек со став – ресите повторно владеат на улиците и модните писти

Постојат модни детали кои никогаш навистина не излегуваат од мода. Едноставно чекаат соодв…