Кој германски автомобилски бренд е најпопуларен?

BMW 540i

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вечниот џенг помеѓу германското премиум трио продолжува и оваа година, а моментално најмногу причини за задоволство има еден бренд.

Ако ве интересира кој германски автомобилски бренд беше најпопуларен во 2017 година, без сомнеж бидете сигурни дека тоа е BMW. Google и бројките не лажат, а тие велат дека на интернет најмногу се пребарувал овој автомобилски гигант и поимите поврзани со него и неговите модели, пренесува Bimmertoday.

И таа домниација е премногу надмоќна во однос на Audi и Mercedes, кои зад BMW заостануваат за 30-тина насто во бројки. Google Trends 2017 потврдува дека BMW бил премоќен на домашниот, но и светскиот глобален пазар. Audi бил попопуларен само во соседна Полска, додека Mercedes почесто бил пребаруван во Турција, некои африкански земји и Аргентина.

Но, тука не е крајот на изненадувањата. Најпребаруваниот модел на BMW на Google не е ниту еден од новите лепотани, па дури ниту некој актуелен модел. Станува збор за серијата 3 од генерацијата E46, која се произведуваше во 2005 година и која беше наследена од нешто помалку успешната генерација Е90.

Речиси еднакво интересен бил и Х5, а потоа следат серијата 1 и секако, програмата од мотоцикли. Во текот на 2017 година, до доменот на BMW, драстичен пораст на интерес бележат M5 и Z4, што е само по себе разбирливо.