Кој е поголем трошаџија – Гвардиола или Мурињо?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Големиот ривалитет помеѓу Гвардиола и Мурињо беше обновен кога Каталонецот пристигна на Островот, а почетоците датираат од времето кога двајцата ги предводеа најголемите шпански клубови.

Мурињо после големиот успех со Порто во 2004 година се пресели во Премиер лигата и седна на кормилото на Челзи. Со „сините“ успеа да ја освои титулата во Англија, но не направи значаен успег во ЛШ, па дојде до прекина на соработката.

Во тоа време се појави и Гвардиола, кој во 2008 година беше назначен за прв тренер на Барселона и веднаш ја освои Шпанија и Европа со Каталонците.

Првиот голем дуел овие двајца тренери го имаа во сезоната кога „Специјалниот“ со Интер ја освои тројната круна, притоа во полуфиналето од ЛШ го еминираше Гвардила.

Од тогаш полнува големиот ривалитет помеѓу двајцата трениер, кои слободно може да се каже дека одбележуваат една цела ера во фудбалот. Ривалитетот достигна врв кога Португалецот седна на клупата на Реал Мадрид, а сега повторно е обновен откако двајцата ги предводат гигантите од Манчестер.

Паралелно со големите успеси, двајцата тренери трошеа големи пари на трансфери!

Логично, Мурињо има потрошено повеќе пари бидејќи повеќе години е професионален тренер, а таа сума надмина милијарда фунти. Меѓутоа, ако го мериме времето од кога Гвардиола седна на клупата на Барселона, Каталонецот потрошил повеќе пари на трансфери за разлика од Мурињо.

Откако започна да се занимава со тренерската професија Пеп Гвардиола на засилувања има потрошено точно 958 милиони фунти, а Жозе Мурињо од таа 2008 година до денес 867 милиони фунти.